ДНЕВНИК НА ПОСВЕТЕНОСТА НА ХИРУРГОТ-ХЕРОЈ
Нем запис за храброста сред српската чума, напишан од д-р. Донели
_____________________________________________
ТОЈ ПОЧИНАЛ НА НЕГОВОТО РАБОТНО МЕСТО
__________________________________
Закопан во aмериканското знаме - ,,Човековиот живот не е ист за повеќето”
– тој коментирал
Д-р. Џејмс Ф. Донели од овој град, хирург на Црвен Крст, кој починал во Гевгелија, Србија на 24ти февруари од тифусна треска, оставил дневник кој говори за неговата служба во српскиот град од денот на неговото пристигнување, на 18ти декември, сè до 6 дена пред неговата смрт. Неговите кратки параграфи содржат запис за херојската посветеност кон својата должност наспроти целата тешкотија и немаштија. Тој зборува за повратокот на здравјето на друг хирург кој бил заболен од тифус.
Мизеријата и страдањето на ранетите го шокирале д-р. Донели. Тој сочувствувал со нив во нивната агонија и се восхитувал на нивната издржливост. Долгите и сурови искуства во местата со најактивна служба, како Далечниот Исток, Африка, Хаити, и во американската Карантин Станица во понискиот залив, не ја намалиле неговата чувствителност кон немирот на другите.
Во последниот ден од годината д-р. Донели напишал: ,,Го поминав целиот ден во болница обидувајќи се да го смирам страдањето – тоа е најдобриот начин што го знам за завршување на денот.” Тој често пати ги споменува неговите мисли упатени кон неговата сопруга и син.
На 17ти февруари тој го прави последниот запис. Тој пишувал во железничка станица, каде што го чекал пристигнувањето на Сер Томас Липтон. Два дена подоцна, заболел од тифус и четири дена потоа, тој починал. Бил закопан во американското знаме, кој бил подарок од Сер Томас.
Еве извадоци од дневникот преземен од вчерашното издание на ,,Медицински записи”:
,,ГЕВГЕЛИЈА, Макидониа, 18ти декември – пристигнав овде напладне и ја посетив фабриката за свила, која е претворена во болница, со 2000 пациенти. Таква глетка исполнета со страдање прави на секој срцето да му крвари. Се надевам ќе можам да дадам сè од себе и да помогнам.”
,,19ти декември – Ја направив мојата прва операција овде и извадив куршум од вратот на еден српски војник и денес ги преврзав раните на околу 100 пациенти. Условите за работа се ужасни.”
,,20ти декември – Овој мал град на јужниот дел од Србија има прекрасна клима и не сме изложени на никаква опасност, додека војната трае 500 милји северно и ранетите се испраќаат овде со воз. Страдањето на овие кутри луѓе е жалосно, а нивната истрајност е вчудоневидувачка; тие дозволуваат да бидат оперирани и за време на операцијата воопшто не мавтаат со рацете.”
,,21ви декември – Извршивме пет операции денес, и ги пресековме нозете на тројца војници кои имаа гангрена на стапалата. Да се направи обиколка и визита низ болницата со сите тие звуци и страдања, е ужасно искуство. Само што ми нареди д-р. Батлер да ги посетам сите пациенти и да ги подготвам за утрешната операција, па очекувам утре да биде зафатен ден. Споделувам мала соба со други двајца доктори, без удобност, како и да е, и со многу стаорци. Шерман ја зборуваше вистината кога рече дека војната е пекол. Никогаш не посакувам мојот мал син да биде војник.”
,,28ми декември – Многу сме зафатени овде со 2000 пациенти и овдешниот хорор ми го заболува срцето и ме лечи од желбата да зборувам за војната. Добиваме малку вести овде, само француските весници од Грција.”
,,Божиќна вечер – Уште еден голем ден. 8 часот навечер е, и само што се вратив во мојата соба и го пишувам ова на светлина од свеќа. Ќе си легнам до 8:30, бидејќи сум премногу уморен и ми треба одмор. Креветот е тврд и не е бил наместен откако пристигнав овде.”
,,Божиќ наутро – Моите први мисли ова утро одлетаа кон мојата сопруга и мојот мал син. Се надевам од дното на моето срце дека ќе си поминат среќно за Божиќ. Посакувам да бев поблиску до нив. Часот е 7:30 и после шолја чај и парче црн леб ќе направиме визита и ќе оперираме 20 пациенти, и тоа ќе биде нашиот Божиќен ден”
,,Божиќ навечер – Бев во болницата цел ден до 6 часот навечер. За вечера имавме печено прасе старо 3 недели, овошје, слатки и малку црвено вино испратено до нас од Солун.”
,,31ви декември – Последниот ден од годината, и каква година! Го поминав целиот ден во болницата, обидувајќи се да го намалам страдањето – тоа е најдобриот начин што го знам за до го завршам денот.”
,,4ти јануари – Најпосле нештата почнавме да ги средуваме. На почетокот со целото тоа страдање успевавме да добиеме малку храна и млеко; сега нештата изгледаат подобро, и за уште еден месец се надеваме да ги средиме работите.”
,,5ти јануари – Денес добивме наредби да се преселиме во нови соби, наспроти болницата. Ако добиеме неколку потребни работи кои ќе ги споделуваме со цимерите, мислам дека ќе ни биде поудобно. Немавме многу удобности досега. Ова го пишувам на светлина од светилка, која е подобра од онаа на свеќата.”
,,6ти јануари – Ова е денот пред Божиќ за Србите, и ова утро четири мали деца дојдоа на нашиот спрат и пееја српски национални песни. Им дадовме на сите по 10 центи и си заминаа среќни. Погледот од нашиот прозорец овде е прекрасен. Можеме да ги видиме снежните планини оддалечени околу 5 милји. Денес работев на терен со австриски затвореници, копајќи дупки за ѓубре. Како пролет да е, премногу топло е за мантил и мали диви цвеќиња растат насекаде. Болницата само што доби 100 свињи, па пациентите и војниците ќе добијат прасе за нивната Божиќна вечера. Сиротите тие, потребен им е добар оброк.”
Пет милји за вода
,,12ти јануари – Ова попладне отидов пет милји надвор од градот за неколку буриња вода. Пет милји на обилен дожд, по ненаправен пат, во кочија со двајца австриски затвореници, кои не зборуваат ниту англиски, ниту германски. Се избањав со сулфурна вода во една турска бања, многу примитивно и само што се вратив во една неисправна кочија, оставајќи ги двата војника и возачот да се вратат таму откај што дојдоа. Го пишувам ова, пиејќи малку турско кафе, нарачав и топол чај со лимон и шеќер, за да го оттргнам студот. Едно турско момче ми продаде две тврдо-варени јајца за 5 центи, па тоа е мојата вечера.”
,,13ти јануари – Пишувам од вториот спрат на една штала, која ја претворивме во хируршка соба. Денес се вратив на мојата вообичаена работа да ги преврзувам пациентите. Вчера беше лош ден, и мора да бев многу цврст штом го издржав, во влагата цел ден. Но, не приговарам, бидејќи донесов еден тон чиста вода од планините и стекнав ново искуство. Утре е српската Нова Година. Сè е многу тивко. Никој не поминува, освен војниците на нивниот пат кон фронтот. Колку е тажно да ги гледаш – поголемиот дел се млади луѓе; без мантили, носејќи само пушка, куршуми и векна леб.”
,,18ти јануари – Работев во операционата соба цел ден. Добиваме пациенти со тифус и тифусна треска, ама не можеме да сториме многу за нив. Стапката на смртност е шест луѓе дневно, што е многу, земајќи предвид дека имаме 2000 пациенти.”
,,19ти јануари – Роднина на Кралот дојде во болницата. Таа беше многу шармантна и нè испрашуваше за нас самите. Само двајца од сите доктори беа оженети. Кога и кажав дека имам мало момче таа рече: ,,Ако твојата сопруга и син дојдат во Србија мораш да ме известиш и мора да бидеш претставен кај Кралот”. Само што разгледав англиски весник од 13ти јануари и изгледа дека Италија и Романија ќе се придружат во војната. Можно е тие да влезат и да ја завршат.
,,Сега е скоро 9 часот навечер и спремни сме за во кревет. Стануваме во 6 часот наутро, следува појадок од леб и чај во 7 часот, и до 7:30 часот сме во болницата, правиме визита и ги оперираме пациентите. Врне обилно веќе 24 часа; не можеме да се жалиме на времето: во Ниш и Белград имаше обилни снегови, но овде сеуште нема; изгледа како блага зима. Изгледа како сите овде да ги собираат силите за да направат голем удар напролет. Не сум нетрпелив за да видам уште страдање.”
,,24ти јануари – Неколку дена ќе бидам на служба во карантинот, ќе бидам задолжен за доктор кој има тифусна треска.”
,,25ти јануари – Пишувам од карантинот, кој е на две милји од градот. Бил изграден за пациенти со колера, ама досега не сме имале такви, па пациентите со мали сипаници, дифтерија, тифус и сите други заразни болести, се испраќаат овде. Д-р. Гутес, кој пред три недели беше со мене во сулфурната бања, е овде заболен од тифус. Тој се оженил минатиот август и бил испратен овде од Бохемија Црвениот Крст. Неговата сопруга е медицинска сестра и му се придружила.”
Многу заболени доктори
,,26ти јануари – Д-р. Гутес е многу подобро, и има добри шанси да оздрави и да оди на север за неколку недели. Пред една или две години имало околу 300 српски доктори; сега има само околу седумдесет, и велат дека половина од нив се болни и никогаш повеќе нема да лечат. Ова е резултат на војната и тешкотиите во последните четири години.”
,,27ми јануари – Сам сум во зградата, која е претворена во лабораторија, и сега сум задолжен да ја испитувам целата бунарска вода и да се грижам за општите санитарни услови, и тоа со сигурност е некаква работа. Д-р. Батлер замина за Ниш.”
,,29ти јануари – Денес бевме посетени од Крунисаниот Принц Џорџе. Тој бил погоден од куршум два пати, и е на пат за Италија за да заздрави. Тој е неоженет, има околу 30 години, и изгледа како добар пријател. Им даде неколку златници на пациентите во операционата соба.”
,,30ти јануари – Беше одвратна глетка да се видат 200 болни и ранети војници како пристигаат во градот денес. Многу од нив паднаа покрај патот додека се обидуваа да стигнат до болницата; некои беа без чевли. Направивме сè што можеме за нив, и тие се чудо, и никогаш не се жалат. Човековиот живот не е ист за сите. Човекот кој ги прави мртовечките ковчези се гордее со тоа што нив ги чува надвор пред неговиот дуќан, а војниците ги бројат како што поминуваат. Премногу чувствителните личности нема да издржат во овј дел од светот.”
,,7ми февруари – Денес е недела и јас сум на должност цел ден, грижејќи се за петстотини пациенти.”
,,9ти февруари – Пристигнаа гласини денес дека Бугарија може да се приклучи во војната и ќе го нападне најпрво овој град; сите се договоривме да се собереме во нашата болница и да ги подигнеме значките и лентите. Неколку проминентни англиски хирурзи поминаа низ градот денес, и мислам дека ќе има многу работа за сите доктори и медицински сестри овој месец.”
,,13ти февруари – Јас сум на станицата и го чекам пристигнувањето на Сер Томас Липтон. Неговата јахта ,,Ерин” го донесе до Солун, со уште шест доктори, дванаесет медицински сестри и три моторни автомобили. Тој е на пат за Ниш.”
,,14ти февруари – Со сигурност беше вистинско задоволство да се има Сер Томас Липтон како гостин за еден час вчера. Тој се сети дека се имавме сретнато во Клубот Лотос; тој ме претстави на целото негово друштво – околу триесетина – и ние пешачевме до болницата. Беше одлична глетка да се види како сите го гледаа него, и колку добар и љубезен беше тој со сите доктори и медицински сестри. Тој ми даде златна детелина со четири листа, која ќе ја чувам за мојата сопруга. Тој, исто така, ми даде негова слика и ќе ми испрати американско и ирско знаме. За седум дена се очекува да помине повторно, при неговото враќање за Солун, и ќе ми пише кога да го очекувам, така што ќе бидам на станицата да го примам чајот и намирниците кој тој сака да ги презентира на нашата воена партија.”
Умирајќи ,,како муви”
,,17ти февруари – Кога го гледам страдањето овде моето срце плаче. Ужасно е да се видат млади луѓе кои умираат како муви. Нема веќе дрво за да се направат ковчези, а во бараката кај што се чуваат телата, четириесет веќе чекаат за погреб. Д-р. Гутес е добар и е на визита повторно, но неговата сопруга заболе од тифус.”
,,18ти февруари – Јас сум на станицата чекајќи го пристигнувањето на Сер Томас Липтон од Ниш. Сакам да му заблагодарам за големото американско знаме и знамето на Црвениот крст, кои ми ги испрати. Подоцна: тој не пристигна, но го очекуваме за неколку дена.”
Еве што Сер Томас Липтон напиша за неговото враќање во Гевгелија:
,,Првата болница која ја посетив на патот кон Ниш беше во Гевгелија. Тоа беше американска болница, и бев одведен во секоја соба од страна на д-р. Донели. Имаше околу 1.400 пациенти, воглавно заболени од тифус. Многу пациенти лежеа без ќебиња или душеци, само во нивната вообичаена облека. Состојбата на овие пациенти беше ужасна. Исто така, видов и неколку од американските медицински сестри: од дванаесет, седум од нив лежеа заболени од тифус и тројца од шесте доктори лежеа од истата болест.”
,,Д-р. Донели дојде на станицата да ме испрати; фин, здрав човек како што можеше да се види, среќно и весело расположен. На враќањето назад кога пристигнав на станицата во Гевгелија го побарав Донели, ама за огромна жалост, научив дека починал претходниот ден.”
Њу Јорк Тајмс
Објавено: 10ти мај, 1915 година
Copyright © The New York Times